СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ќе стигне ли Apple до пазарна капитализација од 3 трилиони долари?

Apple е меѓу омилените компании не само на љубителите на технологијата, туку и на инвеститорите. Таа е прва која доби проценка од 2 трилиони долари на пазарите – само две години откако стана првата американска компанија што надмина пазарна капитализација од 1 трилион долари.

Инвеститорите Џин Мунстер, кој во јануари минатата година прогнозораше проценка од 2 трилиони долари, убеден е дека наскоро ќе допре до космичките 3 трилиони долари. На крајот на минатата година, акциите на Apple се тргуваа за 133 американски долари, проценувајќи го производителот на iPhone на скоро 2,3 трилиони долари. Неговата прогноза сега е дека до крајот на оваа година тие ќе достигнат цена од 200 американски долари за парче – што значи дека пазарната капитализација ќе надмине 3 трилиони долари.

Еден од катализаторите на релито е работењето од дома. Apple „се смета за облог на iPhone или 5G“ – и тоа е добро, изјави тој за CNBC. Но, забрзувањето на трендот за работа од далечина ќе биде поважно за цените на акциите: „луѓето ќе купуваат повеќе Mac, iPad и услуги во следните 12 до 24 месеци“.

До целта од три трилиони долари постои и друг начин: инвеститорите традиционално мислат на Apple како компанија што продава хардвер – и како таква ја пресметуваат фер цената на акциите при понизок сооднос цена-заработка во споредба со технолошките компании како Amazon и Facebook. Во последниве години, сепак, зголемениот удел на приходите и профитот на гигантот со седиште во Купертино доаѓа од услугите – што оправдува и поголем коефициент, рече тој.
Мунстер дури сугерираше дека Apple може да го претвори својот бизнис со хардвер во услуга – на пример, купување лаптопи по претплата. И потсети на неодамнешниот материјал на Ројтерс, дека производителот наскоро ќе влезе во бизнисот со електричните автомобили.

Поврзани вести

Биткоинот порасна на 20.000 американски долари

msp-admin

Кина и наметна на „Алибаба“ да продаде дел од сопствените медиумски средства

Влатко Зорба

Ќе има зголемување на даноците за мултинационалните компании

Stefanija Kuzmanovska