СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Viber ги прекинува сите врски со Facebook

Една од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација, компанијата Rakuten Viber, објави дека ги прекинува сите деловни врски со Facebook.

„Злоупотребата на кориснички податоци и неможностa да се спротивстави на насилничката реторика ги преминаа сите мерки. Затоа Viber презема соодветни мерки како откажување на закуп на рекламен простор“, пишува во соопштението.

Според генералниот директор на Viber, Џамел Агава, ваквиот потег е предизвикан од лошата проценка на Facebook за својата улога во денешниот свет. Реплицирајќи на сега веќе фамозната изјава на Цукерберг дека “компаниите не треба да бидат арбитри на вистината“, Агава посочи: “Ние не сме арбитри на вистината, но вистината е дека некои луѓе страдаат од ширењето на насилна содржина и компаниите мора да заземат јасен став.

Поврзани вести

Apple ќе плати половина милијарда долари поради кршење на патентни права

msp-admin

Blue Origin ги испраќа првите туристи на вселенски лет за два месеци

Лашет: „Северен тек 2“ не треба да се откажува поради Навални

Влатко Зорба