СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Авиокомпаниите, кои најмногу летаат во Европа

Според податоците на агенцијата за воздушен сообраќај Eurocontrol, на 15 јули најмногу летови од европските компании реализирал ирскиот Ryanair, 866, од вкупно 14.170 летови тој ден.

На второто место се најде Turkish Airlines со 568 летови, а следат унгарскиот WizzAir со 499, француска Air France со 443 и германска Lufthansa со 403 летови.

Бројот на летови низ Европа бил помал за скоро 60% во однос на истиот ден во 2019 година, поради ограничувањата за патувања кои беа воведени по ширењето на епидемијата од коронавирус.

Трите водечки аеродроми во однос на бројот на летови беа парискиот Charles de Gaulle со 655, амстердамскиот Schipol со 533 и Frankfurt Main со 511 летови.

На четвртото место се најде аеродромот Istanbul со 421 лет на 15 јули, додека атинскиот аеродром Eleftherios Venizelos отслужи 403 летови.

Поврзани вести

Alphabet заработи 55,3 милијарди долари во првиот квартал од оваа година

Влатко Зорба

Дали производителите на вакцини треба да бидат лишени од патентните права, за да можат сите да ги прават?

Влатко Зорба

Претставени проектите на кумановски ученици поддржани од ФИТР

msp-admin