СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Дали производителите на вакцини треба да бидат лишени од патентните права, за да можат сите да ги прават?

Расте хаосот околу набавката на вакцините. Германските политичари сакаат да вклучат повеќе компании во производството, но предуслов за тоа е компаниите што ја развија вакцината за кратко да бидат лишени од нивните ексклузивни права за патент.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) нема добра вест на крајот на оваа недела кога станува збор за снабдување на Германија со вакцини: „Со оглед на недостигот на вакцини, пред нас се најмалку десет тешки недели“, испрати Шпан порака преку Твитер.

На министерот му е јасно дека бавниот почеток на вакцинацијата е неизмерно штетен на кредибилитетот на владата во борбата против пандемијата. Затоа Шпан сака да свика своевиден „национален самит“ за набавка на вакцини, што треба да се одржи следната недела. Претставници на сојузната и покраинската влада, како и претставници на економијата, би учествувале на собирот.

Канцеларката Ангела Меркел (ЦДУ) ја поддржува идејата. Нејзиниот портпарол, Стивен Зајберт, рече: „Планирањето е во тек и ќе се координира со федералните покраини. На конференцијата ќе се разговара и за можните драстични чекори: дали на неколку производители може да им биде одземено правото на патент, дури и за кратко време?“

Зедер: ЕУ нарача премалку вакцини и предоцна

Идејата беше предложена од секретарот на парламентарната група на социјалдемократите (СПД) во Бундестагот, Карстен Шнајдер. Така, на пример, компаниите Бајонтек / Фајзер и Модерна за нивните веќе одобрени вакцини, за одредено време, може да бидат лишени од ексклузивни права за патент, а потоа нивните вакцини да бидат произведени од други компании.

Баварскиот премиер Маркус Зедер рече нешто слично во средата (27 јануари) во ТВ-емисија: очигледно е дека земјите од Европската унија порачаа вакцини со задоцнување и премали количини, па сега тие треба да користат и да најдат „други капацитети“.

Свен Гиголд, член на Зелените во Европскиот парламент, исто така смета дека идејата треба да се разгледа. Тој во четвртокот (28 јануари) изјави: „Бавната испорака на вакцини неизбежно се јавува кога оној што ја развил вакцината истовремено ја произведува вакцината. Итно треба да ги искористиме капацитетите на другите производители. „Не е економично за оние што ја развија вакцината да шират производствени капацитети, бидејќи тие ќе бидат излишни кога ќе помине кризата“.

Гиголд исто така потсетува дека овие производители со години инвестираат големи суми на пари во развој на вакцини. Експертите велат дека доколку се повлечат патентите, се помалку компании би биле подготвени да инвестираат во развој во иднина.

Премиерот на Бранденбург, Дитмар Воидке (СПД), исто така, сака на самитот да се дискутираат идеи за забрзување и подобрување на снабдувањето со вакцини. За бизнисмените мора да се разговара за тоа како може подобро да се користат ресурсите во Германија, напиша Воидке во писмото што го испрати до сегашниот претседател на кризните средби, градоначалникот на Берлин, Мајкл Милер (СПД).

„Дали е можно да се пренасочат или прошират производствените капацитети во Германија, со цел да се помогне во производството на вакцини? Според мое мислење, тоа ќе биде важен сигнал за населението да покажеме дека сериозно ги сфаќаме нивните грижи “.

Центрите за вакцинација подготвени, вакцините недостасуваат

Загриженоста е оправдана: околу 440 центри за вакцинација веќе се формирани во Германија, додека мобилните тимови претежно вакцинираат стари лица и старатели во домови за стари лица. Вакцината често недостасува. Незадоволните граѓани, кои се обидуваат да закажат состанок за вакцинација, постојано добиваат информации за одложување или откажување на претходно договорените термини. Скоро 1,7 милиони луѓе во Германија веќе ја добиле првата од двете дози, иако може да има многу повеќе – за што сведочат сликите на празни центри за вакцинација.

Тековните анкети на јавното мислење покажуваат дека луѓето во Германија сè помалку се свесни за насоката во која се движи Владата во борбата против пандемијата. Институтот „Аленсбах“ спроведе истражување нарачано од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и откри дека во моментов само 49 проценти од граѓаните се задоволни од постапките на владата во пандемијата, додека 42 проценти од испитаниците не се задоволни. Германската влада исто така најави дека ќе соработува со Русија во производството на вакцини, и покрај сите сегашни политички разлики.
Русија наскоро планира да поднесе барање до Европската унија за одобрување за употребата на својата вакцина Спутник В.

Поврзани вести

Дешифрирање мејлови: Што значи кога колега ќе ти напише „однапред благодарам“

msp-admin

КОРИСТЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ може драстично да поскапат: Германија предлага нов закон

Влатко Зорба

Huawei соработува со партнери за да го олесни паметното земјоделство во Швајцарија

Влатко Зорба