Лидерите на четирите најголеми американски технолошки компании – Facebook, Amazon, Google и Apple, вчера пред Конгресот по ред ги отфрлаа обвинувањата за монопол на дигиталниот пазар, загушување на конкуренцијата и договарање со демократите во американската претседателска кампања.
Марк Цукерберг од Facebook, Џеф Безос од Amazon, извршниот директор на Google Сундар Пичаи и Тим Кук од Apple, на сослушувањето преку повеќечасовна видео конференција, одговарајќи на прашањата од конгресмените, ги отфрлија обвинувањата дека оштетиле помали компании во онлајн огласувањето и порачаа дека ги поддржуваат двете кампањи за претседателските избори.
Тоа беше нивно прво заедничко сослушување и првпат Безос да се појави пред конгресмените.
Водечките технолошки компании се осомничени за кражба на содржина, гушење на конкуренцијата и општа злоупотреба на пазарната превласт и аквизиција на ривалите. Конзервативците, исто така, тврдеа дека ги цензурирале нивните ставови.
Во текот на сослушувањето, Безос одговарал дека не може да го одговори на прашањето или дека не може да се присети на инцидентот поради кој го испрашуваат.
Цукерберг бил соочен со интерни мејлови на компанијата кои ги испраќал во 2012 година, во врска со купувањето на Instagram. Како одговор Цукерберг не порекнувал дека на Instagram гледал како на закана, но истакнал дека договорот во тоа време го одобрила Сојузната комисија за трговија.
Amazon, Facebook и Google држат 62% од огласувањето на интернет во САД и сочинуваат пет милијарди од американската економија.
Светските медиуми пишуваат дека се работи за најголема моќ и богатство некогаш собрани на исто место во исто време.