СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Девизни резерви од 3,5 милијарди евра на крајот на јули

Вкупните девизни резерви, заклучно јули оваа година, достигнаа ниво од 3.512.370.000 евра, што е намалување за 127,3 милиони евра во однос на претходниот месец (3.639.740.000 евра). Државните девизни резерви на крајот на јули 2019 година беа 2.926.960.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (82,5%) по што следуваат монетарното злато (10,6%) и валутите и депозитите (6,8%).

Хартиите од вредност во јули изнесуваа 2.899.200.000 евра, што е намалување од 105,2 милиони евра во споредба со претходниот месец (3.004.440.000 евра), односно 538,8 милиони евра повеќе во однос на јули лани (2.360.400.000 евра).

Валутите и депозитите, заклучно 31-ви јули оваа година, изнесуваа 238.620.000 евра, што е намалување од 47 милиони евра во споредба со јуни годинава (285.660.000 евра).

Монетарното злато во јули имаше вредност од 372.970.000 евра или 24,9 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец (348.030.000 евра) и 88,5 милиони евра повеќе во споредба со јули минатата година (284.400.000 евра).

Поврзани вести

Банкротираше најголемиот американски производител на млеко

ИПК: Македонија оди наназад и надолу во борбата против корупцијата

Влатко Зорба

Објавена листата на граѓани коишто се добитници на ваучери за домашен туризам