СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нема никој да биде заборавен, сите приговори за картичките ќе бидат проверени, вели Ангеловска

Педесет и пет илјади граѓани веќе ги имаат добиено платежните картички и активно може да ги користат и да купуваат домашни производи и услуги. Вкупно 320 илјади граѓани треба да добијат домашна платежна картичка. Испечатени се 220 илјади картички. Банките интензивно работат и секојдневно издаваат по илјадници картички, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска во видео обраќање на својот ФБ профил.

Таа порача дека сите кои не ја добиле картичката да се информираат преку веб страниците или кол центрите на банките и сите кои поднеле приговори ги увери дека на сите на кои им следува ќе им биде доделена.

-До денеска, односно заклучно со вчера вкупно се издаде 55 илјади платежни картички од мерката Домашна платежна картичка веќе ги користат активно и плаќаат со овие картички. Финансиска поддршка ќе добијат 320 илјади граѓани. Целата мерка е 28 милиони евра, средства што веднаш ги префрливме кон банките, од нив 10,7 милиони евра се исплатени на наменските сметки на корисниците на картичките, истакна министерката.

Таа појасни дека за мерката се пратени 50 илјади мејлови со забелешки, од кои 20 илјади се одговорени и се однесуваа на прашања од граѓаните во врска со активирање, подигнување на картичките…, додека 30.000 се со матични броеви, кои веќе се распределени до надлежните институции, се проверуваат и сите граѓани што поднеле приговор и доколку се утврди дека ги исполнуваат критериумите ќе добијат картички.

Повика на трпение и најави дека до крајот на неделата ќе ги добијат сите информации од институциите што ја вршат проверката и граѓаните ќе бидат информирани.

-Ве уверувам дека сите на кои им следи по проверките ќе ја добијат. Нема никој да биде заборавен и нема да биде изоставен, потенцира Ангеловска.

 

Поврзани вести

Одобрено присоединувањето на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка Македонија

Влатко Зорба

Лукаревска: Јавна тајна е дека се дава плата на рака

Влатко Зорба

Пет угостителски објекти и 60 кафемати се затворени при инспекциските надзори

Берта Китинска