СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Петтиот пакет мерки ќе тежи околу 150 милиони евра

Петитот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од Ковид-19 ќе тежи помеѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра.

Се очекува да биде финализиран неделава ако постигнеме консензус со сите засегнати страни, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој во одговор на прашање по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП посочи дека се уште се разгледуваат деталите за пакетот за да биде точно утврдена неговата вредност и нагласи дека поддршката за платите нема да изостане и во петтиот пакет мерки.

-Ќе има финансиска поддршка за платите исто како што беше и претходно затоа што и претходната помош не беше безусловна. И порано требаше да се исполнат одредени услови за помошта да стане неповратна истиот механизам го користиме и сега. Се разговара за двете опции со синдикатите, стопанските комори и сите други – да се продолжи со поддршката како и досега или таа да се замени со бескаматни кредити. Оваа недела ќе треба заеднички да решиме со сите засегнати страни која е најдобрата мерка имајќи во предвид дека полека заздравуваме и влегуваме во рестарт на економијата, изјави Битиќи.

Поврзани вести

За време на корона кризата во Гостивар вработени 76 лица

Берта Китинска

Битиќи: Владата ќе направи максимални напори за забрзување на реализацијата на проектот за изградба на пругата Куманово – Деве Баир

Александар Петровски

НУК: Македонските банки во време на пандемија од угостителите инкасирале повеќе од 10 милиони евра