СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Turkish Airlines прокнижи загуба од 315,9 милиони долари за три месеци

Турскиот авиопревозник, Turkish Airlines прикажа загуба од 315,9 милиони долари во вториот квартал од оваа година, поради пандемијата, пренесува Daily Sabah.

Приходите на националниот авиопревозник во вториот квартал се намалија за 67%, во споредба со истиот период лани, додека вкупните приходи во првото полугодие изнесуваа 2,9 милијарди долари.

Turkish Airlines поради пандемијата ги прекина сите меѓународни и национални летови во април и мај, а веќе на почетокот на јуни почна со постепено воведување линии.

Компанијата, којашто инаку важи за највреден турски бренд, во вториот квартал лани прикажа добивка од 18 милиони долари, а според последните податоци нето загубата оваа година ја зголеми на 578 милиони долари.

Во второто тримесечје, приходите од карго превозот се зголемија за 90% во однос на истиот период лани. Приходите од патници и техничките приходи се намалени за 96%, односно 61%, додека консолидираниот промет се намали за 72%.

Поврзани вести

Доларот се претвора од засолниште во ризична валута

Влатко Зорба

Сопственикот на „Хај Тек“: На помладите генерации им покажувам дека иднината можат да ја градат и во Македонија

msp-admin

Македонија ќе биде прва која ќе го усогласи своето законодавство за сајбер-безбедноста со препораките на НАТО и ЕК

msp-admin