СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Kia го претстави својот прв електричен кросовер

Иако Kia го вклучи електричниот модел Soul EV во својата понуда во 2014 година, базиран на втората генерација на компактниот кросовер Soul, а потоа и e-Niro, штотуку претставениот кросовер EV6 е првиот целосно електричен модел на компанијата што се напојува исклучиво од електрична енергија.

Елегантниот кросовер во форма на купе со средна големина пристигнува веднаш откако Hyundai го „лансираше“ својот прв електричен модел од новото семејство IONIQ – Ioniq 5, со кој ја дели новата платформа E-GMP.

Иако сè уште се чекаат подетални технички податоци, она што засега е познато е дека споменатата платформа нуди можност за погон на задните тркала, како и 4X4 распоред, и има комплет батерии со капацитет од 72,6 kWh кои обезбедуваат околу 500 километри автономија.

Како и кај Hyundai Ioniq 5, Kia EV6 ќе има можност за брзо полнење со напон од 800 волти и сила од 220 киловати, што, барем во теорија, треба да обезбеди полнење на батеријата од 10 до 80 проценти капацитет – за помалку од 20 минути.

Моќта на електромоторот се уште не е позната, но најавено е дека EV6 ќе биде значително помоќен од Soul EV и e-Niro, а забрзувањето од 0 до 100 км / ч треба да биде само 5 секунди, додека максималната брзина најверојатно ќе биде електронски ограничена на 190 км / ч.

Поврзани вести

Што носи Дигиталниот пат на свилата?

Влатко Зорба

Просечната нето плата во септември беше 27.405 денари

msp-admin

Хрватка има 27 години, а веќе „врти“ милијарди

msp-admin