СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кинески технолошки компании планираат да се натпреваруваат со Google Play

Кинеските технолошки компании Xiaomi, Huawei, Oppo и Vivo планираат да создадат единствена продавница за апликации, објави Ројтерс.

Четворицата главни играчи на пазарот за комуникации и електроника ќе се приклучат кон Global Developer Service Alliance (GDSA). Програмери од целиот свет ќе можат да „хостираат“ и да продаваат игри, филмови, музика и апликации на уникатната платформа. GDSA на тој начин може да стане конкурент на услугата Google Play, забележува агенцијата.

На веб-страницата на GDSA се вели дека новата услуга за развивачи ќе биде достапна „во девет земји и региони, вклучувајќи ги Индија, Индонезија, Малезија и Русија“.
Како дел од алијансата, компаниите ќе ги искористат своите конкурентни предности на различни регионални пазари: Xiaomi – во Индија, Oppo и Vivo – во Југоисточна Азија, Huawei – во Европа. Според „Ројтерс“, новата он-лајн продавница би можела да се отвори во март.

Според консултантската фирма ИДЦ, Xiaomi, Huawei, Oppo и Vivo учествувале со 40,1% од глобалната продажба на мобилни телефони во четвртиот квартал од 2019 година.

Поврзани вести

Tesla сече шума за да гради „гигафабрика“ во близина на Берлин

msp-admin

На секој втор човек во светот му се намалени приходите поради пандемијата

Volvo сака да произведува само електрични автомобили од 2030 година

Влатко Зорба