СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во првите 7 месеци од годинава споредено со истиот период лани има намалување за 4,6 проценти на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули минатата година е намален за 6,2 проценти. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани има намалување за 4,6 проценти на работниците во индустријата, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 0,7  проценти, во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 проценти, како и од 6,9 проценти во преработувачката индустрија .

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули минатата година, бележи опаѓање кај енергија за 0,9  проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 5,4  проценти, капитални производи за 10,9  проценти, трајни производи за широка потрошувачка за  седум проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4  проценти

Поврзани вести

Галовеј: Народната банка успешно ги остварува своите цели за одржување на макроекономската и финансиската стабилност

Од Комората на сметководители бараат намалување на даночната стапка на сметководствените услуги

Stefanija Kuzmanovska

Бектеши има поразличен став за отворањето на угостителските објекти, но ќе ја почитува одлуката на Комисијата за заразни болести