СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Дизелот со иста цена, бензините поскапи за половина денар

Од полноќ за половина денар се зголемуваат цените на бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со иста цена и во следните седум дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 денари за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,251 денари за килограм  и ќе изнесува 26,531 денари за килограм.

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 проценти во однос на минатонеделната одлука.

Поврзани вести

Вработените од Тиго Фајнанс со донација за здружението за дигитална инклузија „Отворете ги прозорците“

Влатко Зорба

Ангеловска-Бежоска: Заштедите на граѓаните во банките и штедилниците се сигурни и безбедни

Адемовски го купува турски „Рамстор“

Влатко Зорба