СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Потпишана спогодба: Вработените од „Баргала” ќе добиваат редовни плати и здравствено осигурување

Во штипската фабрика за производство на чевли „Баргала” доцна попладнево потпишана е спогодба меѓу раководството, вработените, претставниците на синдикатот, информира Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип.

Таа истакна дека минатиот четврток започнаа преговори меѓу вработените и раководството на „Баргала”. Ампева од Гласен Текстилец ја мониторираше спогодбата и договарањето меѓу вработените и раководството, а во која стои дека вработените ќе имаат редовно здравствено осигурување.

– Страните се обврзуваат за почитување на спогодбата. Нема да има прекин во производниот процес освен ако не се почитува рокот за исплата кој е предвиден во спогодбата.На работниците ќе им биде исплаќана редовно платата, а започнувајќи од платата за месец септември, месечно да се исплаќа и разликата на плата која работодавачот не им ја исплатил на работниците за три месеци по 30 проценти, како и разликата на плата од 10 проценти која била помалку исплатена за месец февруари, вели Ампева.

Минатата недела вработените го изразија своето незадоволство во кругот на фабриката и побараа да им се исполнат овие барања, по што следуваа и преговорите.

Поврзани вести

Парите од пропаднатите билети на Виз Ер ќе бидат трансферирани во кредити

Усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година

Влатко Зорба

Годинава започнува градбата на гасоводот од Неготино до Гевгелија

Влатко Зорба