СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

За седум месеци трговскиот дефицит во Црна Гора надмина милијарда евра

Вкупната надворешнотрговска размена на Црна Гора од почетокот на годинава до крајот на јули изнесува 1,4 милијарди евра и се намали за 300 милиони или 17,8%, покажуваат податоците на тамошниот завод за статистика.

Извозот на Црна Гора во периодот јануари – јули беше 200 милиони евра, додека увозот изнесува 1,22 милијарди евра, што значи дека трговскиот дефицит надмина една милијарда евра за само седум месеци, пишува Вијести.

Во споредба со истиот период минатата година, извозот падна за 12,5%, додека увозот за 18,7%.

Црна Гора во овој период оствари најголема трговска размена со Србија, во вкупен износ од 285 милиони евра, што е 20% од вкупната надворешна трговија на земјата. Во истиот период минатата година, трговијата со Србија вредеше 343 милиони евра.

По Србија, најголемата трговска размена е со Кина, од каде се увезуваше стока за 122 милиони, а се извезуваше за 13 милиони евра.

Следува Германија со 121 милиони евра трговска размена, од кои увозот од таа земја изнесува 111 милиони, а извозот 10 милиони евра.

Надворешнотрговската размена била на исто ниво со минатата година до март годинава, а потоа следи голем пад, што се совпадна со избувнување на епидемијата на коронавирусот во Црна Гора.

Само во јули, увозот изнесуваше 180 милиони евра, додека во истиот месец во 2019 година, тој изнесуваше 250 милиони евра.

Најголем пад на извозот имаше во мај, кога тој изнесуваше само 18 милиони евра, додека истиот месец минатата година беше 30 милиони.

На падот на трговијата влијаеше намалувањето на економските активности, воведувањето забрана за работа во одредени активности, ограничувањата во сообраќајот и драстичното опаѓање на туристичките посети.

Поврзани вести

Битиќи – Хајдари: Да создаваме економски политики за зголемување на меѓусебната соработка и подобрување на конкурентноста на Западен Балкан

Комора на сметководители: Итно да се преиспита одлуката да не се продолжат роковите за поднесување завршни сметки

Влатко Зорба

За време на вонредната состојба: Граѓаните бараат уредба за воведување евтина тарифа на струјата