СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Кој најбрзо доаѓа до работа и во услови на пандемија?

Пандемијата е директен виновник за многу згаснати работни места, за загубите на компаниите и за намалената економска активност на земјите во светот. Сепак, постојат бизниси и професии што се покажаа како прилично отпорни на шоковите што ги “приреди“ пандемијата од коронавирусот.

Па така, програмерите, инженерите, доставувачи на производи и медицинските лица се оние за коишто и во ова време има побарувачка на пазарот на труд и благодарение на нивните квалификации, знаење и искуство, полесно може да најдат работа за разлика од другите занимања.

Освен тоа, пандемијата драстично ги промени навиките и животниот стил на луѓето ширум светот… Почнаа повеќе да купуваат преку интернет, да пазаруваат онлајн, да се грижат за сопственото здравје, повеќе внимание да му посветуваат на домот. Според анализите, пандемијата како добро да им дојде на онлајн продавниците, а пример за тоа е енормното натрупување на богатството на првиот човек на Amazon, Џеф Безос. Проценките велат дека Безос сега е недостижен на врвот како најбогат на планетата со над 202 милијарди долари.

Не само во светски рамки, туку и кај нас е забележителен трендот на онлајн купување, поради што се зголемува потребата од доставувачи на производи, работници во трговија и слично. Па, многу луѓе кои останале без работа пред и за време на пандемијата бараат егзистенција разнесувајќи производи на домашна адреса со мопед или велосипед.

Поврзани вести

Петров: Петте пакети со економски мерки вредат милијарда евра

Влатко Зорба

Македонските граѓани заштедиле 205 милиони евра за време на ковид-кризата

Влатко Зорба

ИЦС-СИСТЕМИ доби тендер од речиси 630 илјади евра за осветлување на Валандово

Влатко Зорба