СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

По новите мерки: Музичарите со песна ќе протестираат, угостителите доброволно ќе ги затворат објектите

По донесена најновите владини мерки, од Независната угостителска комора изјавија: Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели.

Од Комисијата препораките за новите мерки, како што се посочува, целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со Ковид-19.

Трансмисија на вирусот се случува најмногу меѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави. При тоа, новите мерки и малата промена на протоколите апсолутно не го ограничуваат работењето на угостителските објекти кои и досега можеа да работат, туку превенираат поголеми собири и настани, стои во соопштението.

Дополнително, како што се нагласува, во целиот свет и Европа во моментов има есенски бран каде меѓу првите мерки е целосно затварање на баровите и рестораните, а на многу места веќе има нови вонредни состојби.Целта на Комисијата за заразни болести е со помеки мерки, а не преку целосно затворање на угостителските објекти да се намали ризикот за ширење на вирусот, а индустријата да може да работи. Искрено се надеваме дека ќе имаме и понатаму успешна соработка и разбирање за одлуките бидејќи тие се исклучиво во насока на заштита на јавното здравје, се наведува во соопштението.

Музичарите од земјава повикуваат на масовен протест кој ќе одржи пред Влада, во среда со почеток од 14 часот, а на кој ќе бараат да им биде дозволено да настапуваат, бидејќи, како што велат, оставени се на раб на егзистенција.

-Валиден ПРОТЕСТ на документ, по здравствени мерки, со маска, секој на растојание од 1.5 метар по човек, со наши редари кои ќе ги препознаваат кои се дел од протестот, со полиција која не заштитува нас од околни непознати ликови или политички демонстранти, бина огромна со настап на естрадни музичари, диџеи и останати уметници… Така да, СЕГА излегуваме СИТЕ, сега го остваруваме правото СИТЕ, сега креваме врева, нема веќе време понатаму кога!!! За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги храниме дома, за вашите деца е ова – пишува во објавата која што е истакната на социјалните профили на речиси сите музички работници во земјава.

Поврзани вести

Земјоделските работници најпогодени според изгубените работни места

Влатко Зорба

Народната банка: Податоците за БДП за четвртиот квартал од 2019 година упатуваат на побрз економски раст

Битиќи на седницата на УО на Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан: Преку дијалог и соработка до политики со кои ќе направиме конкурентен регион