Со денешна одлука на Владата, со цел реализирање на четвртиот сет на економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19, Министерството за економија префрлува 60.000.000 денари од програма П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата на посебна сметка на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје во Народна банка, како буџетски придонес за реализација на мерката.
Преку оваа мерка ќе се воведе кредитната линија која ќе биде отворена за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди 30% грант за компаниите кои се водени или основани од жена, кои вработуваат млади лица, кои се извозно ориентирани или кои ќе воведат иновации, дигитализација и е-трговија во нивното работење.
Вкупниот износ на средства за реализација на оваа мерка изнесува 1,9 милијарди денари (31 милион евра) од кои 30 милиони евра ќе се обезбедат преку Делегацијата на Европска Унија, а 60 милиони денари (околу еден милион евра) се национално кофинансирање буџетирани од П1 КОВИД програмата во Министерство за економија.