СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

100 евра помош за граѓаните со ниски примања, парите нема да може да се вадат на банкомат

По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Трансакциска сметка во банка

Mерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата.

За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка.

Парите нема да семее да се подигнуваат како готовина

Парите ќе може да се трошат во однапред утврдени дуќани кои продаваат домашни производи и макеоднски услужни субјекти. Од тие дуќани ќе можат да купат со своја дебитна картичка на Пос терминал или Оn-line.

Парите нема да семее да се подигнуваат како готовина, со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали.

Фирмите кои продаваат македонски производи, а кои ќе сакаат да учествуваат во проектот, ќе треба да ги истакнат производите во посебни гондоли, а ако не го можат тоа тогаш треба да истакнат дека производите се македонски.
Овој пат Владата прво ќе избере во кои дуќани ќе можат да се трошат парите и тие ќе бидат јавно објавени на интенет страницата kupuvamdomasno.gov.mk. Сите фирми кои ќе бидат избрани ако се продавници за трговија на мало должни се да обезбедат посебно обележани рафтови и гондоли со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата – корисници на финансиската поддршка од овој закон.

Четврти пакет мерки

Следува финансиска помош од 6.000 денари за 283.000 наши сограѓани со што ќе ја зајакнеме нивната куповна моќ, но и ќе ја раздвижиме економијата со инјекција од 27,6 милиони евра директно во стопанството, изјави, заменик – министерот за финансии Димитар Ковачевски.

-Со оваа мерка правиме значаен исчекор во реализацијата на четвртиот пакет во вредност од 470 милиони евра. Со сите четири пакети антикризни мерки, кај граѓаните, во стопанството обезбедивме поддршка од над една милијарда евра. Со тие средства спасивме стотици илјади работни места и обезбедивме помош за десетици илјади компании, рече заменик – министерот Ковачевски.

Помошта треба да се искористи до 25 декември. за што Владата издвои 27 милиони евра.

Поврзани вести

Дури 70% од физичките лица кои користат кредити прифатиле одложување на ратите

Берта Китинска

Објавени условите и дејностите кои може да бараат бескаматни кредити од Развојната банка

msp-admin

Царовска: Субвенционирање на придонеси и бескаматни кредити – први мерки за стопанството

msp-admin