СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Продолжува дебатата недела да биде неработна, Бектеши смета дека овој ден треба да биде работен за туристичко-угостителскиот сектор

Секторот туризам и угостителство треба да работи и во неделите, бидејќи сакаме да привлечеме поголем број на туристи во земјава, додека во делот на големопродажбата од секторот трговија би можеле да направиме измени, изајви министерот за економија Крешник Бектеши на средбата со туристичко-угостителскиот сектор.
Тој најави разговори со стопанските комори на оваа тема.

„Согласно законите за трговија и за туристичка дејност и угостителство ние ги пративме нашите предлози и анализи, направивме и споредби со државите од соседството и од Евопската Унија. Секторот туризам и угостителство секако дека треба да работи и во неделите, бидејќи сакаме да привлечеме поголем број на туристи во земјава, вели Бектеши.

Процесот за недела неработен ден продолжува со уште дебати, се во насока на донесување на таков закон, а дискусиите се водат со сите засегнати страни со цел што подобро решение. Ова го истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

-Дебата за недела неработен ден и легитимна, отворена и продолжува Министерството труд социјална политика да го води процесот. Сакаме да го слушнеме гласот на сите во државата за кои се однесува оваа предлог законско-решение, изајви Шахпаска.

Поврзани вести

Цените на горивата од полноќ се зголемуваат за половина денар

Влатко Зорба

Котација на државни обврзници

Влатко Зорба

Промовирана Национална платформа за женско претприемништво за економско јакнење на жените