СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трамп: Американската економија закрепнува

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека извештајот за порастот на вработеноста, кој беше објавен денес, покажува дека американската економија започнала да закрепнува од коронавирусот.

Работодавците во САД имаа дополнителни 4,8 милиони работни места во јуни, а стапката на невработеност падна на 11,1 процент со оглед на тоа што пазарот на труд се подобрува за втор месец по ред.

Сепак, економијата е далеку од враќање на огромните загуби што ги претрпе во пролетта за време на епидемијата на коронавирус.

Трамп рече дека сè уште има сектори каде се преземаат мерки за спасување во итни случаи. Многу американски држави, особено на југ и запад, доживуваат ненадејни скокови во бројот на случаи на коронавирус.

САД во средата објавија рекордни 50.700 новозаразени, според извештајот на универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Поврзани вести

Се замрзнуваат цените на лимонот, портокалот, мандарината, грејфрутот и клементината

Оштетени штедачи: Фирмата на Игор Џамбазов земала нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка

Влатко Зорба

Преку 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура оваа година

Влатко Зорба