Стандард
КОМПАНИИ

Ангеловска: Заживувањето на економската активност се забележува по реализацијата на приходите во јуни

Фазата на реотварање и заживување на економската активност се забележува по реализацијата на приходите во јуни. Наплатата на приходите во јуни е подобрена во однос на претходните месеци од почетокот на КОВИД-19 кризата,сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Позитивни движења има кај:

* придонесите каде од пад од 0.9% во апр., сега имаме раст од 12.3% во јуни

* данокот на личен доход, каде од пад од 25.4% во апр., во јуни имаме раст од 1.8%

* ДДВ каде падот од апр. од – 33.5% е ублажен на – 7.5% во јуни

„Позiтивниот придонес од мерката за поддршка на работодавачите заради исплата на плати која ја искористија околу 20.000 фирми за исплата на платите на 140.000 вработени се гледа и во наплатата на данокот на личниот доход, како и на придонесите“, посочува Ангеловска.

Поврзани вести

Русија продолжува да ги зголемува своите златни и девизни резерви

Влатко Зорба

МФ: Со уредба се регулира секоја фирма да може да доставува фактури по електронски пат

msp-admin

Бројот на 5G врски ќе надмине една милијарда до 2023-та

msp-admin