СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Полски „ПКН Орлен“ можен купувач на 120 бензински пумпи на „ОМВ“ во Словенија

Полската нафтена компанија, сопственик на рафинерии за нафта и малопродажен бензин, „ПКН Орлен“ планира да ја анализира потенцијалната аквизиција на 120 бензински пумпи во Словенија, ставена на продажба од австриски „ОМВ“, јавија полските медиуми.

– Ги анализираме сите понуди што се појавуваат во регионот, па така ќе ја анализираме и оваа, изјави во понеделникот членот на одборот на „ПКН Орлен“, Патриција Кларечка, за полската новинска агенција „ПАП“.

Минатата недела, „ОМВ“ објави дека планира да го продаде својот бизнис во Словенија како дел од програмата за управување со средства во вредност од 2 милијарди евра. Одвојувањето на бизнисот во Словенија претставува понатамошен чекор во оптимизирање на портфолиото на „ОМВ“, објасни австриската компанија.

„ОМВ“ во моментов работи со бензински пумпи под брендовите „ОМВ“, „Евротрак“, „Аванти“ и „Дисконт“ во Словенија.

Поврзани вести

Алибаба очекува 15 милијарди долари од продажба на акции

msp-admin

Мобилната индустрија ги засилува барањата за ревизија на европските правила

Влатко Зорба

Трамп заработил пари на демонстрантите: Собите на денот на протестот наместо 500, чинеле 8.000 долари

Влатко Зорба