СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Renault подготвува електрична „четворка“ во ретро стил

Францускиот производител ќе ја искористи безвременската популарност на моделот „Renault 4“ за својата електрична офанзива.

Кон средината на јануари, Renault го претстави концептот „5 EV Concept“ инспириран од оригиналната „петка“, а слична судбина ќе доживее уште еден познат модел од историјата на француската компанија.

Класичниот „Renault 4“, кој годинава го слави својот 60-ти роденден, ќе ја добие својата модерна електрична верзија, а дизајнот на тој автомобил исто така се очекува да биде во ретро стил.

Концепт на Renault 4

Renault сè уште не излезе со официјални информации за овој електричен модел, но AutoCar пишува дека добил потврда од инсајдер од францускиот производител дека современиот електричен Renault 4 ќе пристигне во салоните во 2025 година.

За потсетување, на премиерата на концептот „5 EV Concept“, Renault навести дека во план е нова „четворка“ кога откри дека покрај „петката“, ќе се направи барем уште еден електричен автомобил во ретро стил.

Концепт на Renault 4

Се претпоставува дека новата „четворка“ исто така ќе позајми стилски елементи од оригиналот, а како може да изгледа ваков автомобил, можевме да видиме на неофицијален рендер објавен во 2011 година од независниот дизајнер Дејвид Обендорфер, предвидувајќи ја идејата за Renault, која стигнува цела една деценија подоцна.

Поврзани вести

Србија ќе увезува работници од Индија, Пакистан и Турција?

msp-admin

Недостатокот на чипови може да влијае и на производството во Порше

Влатко Зорба

За колку време може да се реши проблемот со отпадот во општините

msp-admin