СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија: Гасоводот до Германија загрозен поради санкциите на САД

Руската државна компанија за гас „Гаспром“ призна дека постои ризик нејзиниот подводен гасовод до Германија да биде прекинат, откако денеска САД воведоа санкции за руски брод што учествуваше во неговата изградба.

Германското Министерство за економија објави дека е известено за новите американски санкции против рускиот брод „Фортуна“ поради поставување на цевката и нејзиниот сопственик.

„Со жалење ја примаме оваа порака“, соопшти Министерството.

Соединетите држави веруваат дека гасоводот „Северен тек 2“, вреден 11 милијарди долари, ќе ја направи Европа зависна од рускиот гас и ќе наштети на европската енергетска безбедност.

Кремљ го обвинува Вашингтон дека сака да го запре проектот со цел да ги принуди европските купувачи да купуваат американски течен гас, наместо поевтин руски природен гас.

Во меморандумот за инвеститорите, поврзан со издавање на долг, „Гаспром“ идентификуваше политички ризици за „Северен тек 2“.

Компанијата процени дека тие може да доведат до суспензија или целосно напуштање на проектот, пренесе руската агенција ТАСС.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денес изјави дека проектот „Северен тек 2“ се соочува со „груб и нелегален притисок на САД“.

„Внимателно ја следиме и анализираме ситуацијата додека ја продолжуваме работата за завршување на проектот“, рече тој на онлајн конференција за печатот.

„Гаспром“ објави дека остануваат да завршат уште шест проценти од гасоводот или околу 150 километри и посочи дека има намера да го заврши проектот наскоро.

Изградбата на гасоводот беше стопиран кон крајот на 2019 година кога швајцарската компанија за поставување цевки Allseas запре поради санкциите на САД, принудувајќи го „Гаспром“ да се обиде да го заврши со свои средства.

По долги напори за распоредување руски бродови кои поставуваат цевки, изградбата продолжи во германските води минатиот месец.

Поврзани вести

Прогноза: Електричните автомобили за 10 години ќе чинат 5.000 долари

Влатко Зорба

Без надомест за роаминг на Западен Балкан од 1 јули

Скопје и околината создава 43 отсто од БДП на државава

msp-admin