СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Германија: Маск мора да престане со изградбата на фабрика, ги загрозува змиите

По наредба на германски суд и по успешна тужба од здруженија за заштита на животната средина, Тесла мора да ја прекине подготвителната работа за изградба на фабрика за електрични автомобили недалеку од Берлин, објави Би-Би-Си во вторникот.

Управниот суд во Франкфурт ѝ наложи на компанијата „Тесла“ да престане со сечење на шумата на локацијата што е планирана за изградба на фабриката во Грунхајд, откако еколозите предупредија дека масовната сеча на дрва може да ги загрози змиите кои хибернираат, пренесува Ројтерс.

„Ќе бидат консултирани Државната управа за заштита на животната средина (Landesumveltamt) и ‘Тесла’ и тие треба да ги достават своите мислења, а потоа ќе ја процениме ситуацијата“, изјави портпаролот на Управниот суд во Франкфурт.

Слична судска наредба и е издадена и на Тесла на почетокот на годината, кога таа американска компанија ја планираше т.н. мега-фабрика во Грунехајде, во источната сојузна држава Бранденбург. Во тоа време, како причина биле наведени загрозувањето на флората и фауната и водоснабдувањето.

Тесла јавно не ја коментира најновата судска одлука што е резултат на судските постапки со Унијата за зачувување на природата и биодиверзитетот (НАБУ) и Зелената лига. Конечната пресуда се уште се чека.

Здруженијата тврдат дека уништувањето на шумите ќе ги уништи живеалиштата на гуштерите и змиите. Двата вида се заштитени. Здружението исто така се грижи дека бучната работа може да ги загрози влекачите за време на зимската хибернација.

„Ниту Тесла не е над законот“, рече Хајнц Хервиг Машер, претседател на Зелената лига.

Дозволата на „Тесла“ да започне со изградба на првата европска фабрика и центар за проектирање зависи од условното одобрување на локалните власти надлежни за урбанистичкиот план, кои се должни да се консултираат со домашните еколошки организации и заедницата.

Новата фабрика за батерии на „Тесла“ во Германија ќе биде најголема во светот.

Активисти за заштита на животната средина од организацијата NABU за Ројтерс изјавија дека змијата смук, позната и како „Coronella austriaca“, може да хибернира во земјата на таа локација и дека сечењето дрвја може да ја наруши нивната хибернација.

Локалните власти ги разгледуваат и тврдењата на NABU дека уништувањето на шумите од страна на „Тесла“ може да го загрози живеалиштето на песочниот гуштер (Lacerta agilis).

Поврзани вести

Apple казнет со 10 млн. евра, бидејќи нивните телефони не биле водоотпорни

Берта Китинска

Биткоинот достигна 15.000 долари, за првпат од јануари 2015 година

Stefanija Kuzmanovska

Берзата во Загреб го зголеми сопственичкиот удел во Македонската берза

Влатко Зорба