СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Рамковно вработените пак ќе можат да бираат работа

Админситартивците кои со години земаат државна плата, без да се појават на работното место, ќе добијат работа.Голготата со „рамковни вработувања“ трае десеттина години, а за распоредување остануваат уште околу 1.300 лица.

Владата го изгласа законот, но прво  треба да го усвојат пратениците, па дури потоа Министерствата за информатичко и политички систем ќе прават списоци  во која институција ќе биде распределени

Административните службеници ќе бидат прераспределени во органите на локалната и државната управа, како и во другите државни тела основани во согласност со Уставот и законот.

Откако законот ќе се изгласа во  Собранието, најдоцна во рок од 15 дена министерството за политички систем  ќе предложи план за побрзо распоредување .

Рамковно вработените ќе можат да одбијат да одат на работното место каде што ќе бидат распределени и нема да добијат отказ. Ако одбијат работа само ќе се префрлат на трансфер листата на Министерството за информатичко од каде ќе чекаат нова понуда.Ако не ја прифатат ни оваа работа во рок од 5 дена,  дури тогаш трајно  ќе го изгубат правото за вработување во државниот сектор.

Поврзани вести

Кој може, а кој не може да оствари право на паричен надоместок

Stefanija Kuzmanovska

На патниците да им се овозможи во рок од една година со ваучер да го заменат датумот на аранжманот што веќе го закажале

Каква технологија стои зад процесот замрзната храна?

Влатко Зорба