СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гугл: До септември 2021 година, вработените можат да работат од дома

Американската компанија „Гугл“ објави дека нејзините вработени ќе можат да работат од дома до септември 2021 година, објави „Њујорк Тајмс“.

Компанијата исто така најави дека ќе ја тестира идејата за „флексибилна работна недела“ веднаш штом работниот процес се нормализира, изјави извршниот директор на компанијата Сундар Пицај, пренесува „Ројтерс“.

Според таа идеја, кога епидемиолошката состојба ќе се смири и процесот на работа повторно ќе се нормализира, вработените ќе можат да работат во канцеларија три дена, а два од дома.

„Ние сакаме да ја тестираме идејата дека флексибилното работно време може да придонесе за подобра продуктивност, соработка и општо добро на компанијата“, рече Пицај.

Поврзани вести

PwC: Жените повеќе губеле работата од мажите во 2020 година

Влатко Зорба

Загубите од криминал со криптовалути растат

msp-admin

Македонците претпазливо трошат во услови на корона криза

msp-admin