СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Царината ќе контролира: Со кодови ќе се следи движењето на акцизните стоки и лековите

Владата ја прифати денеска предлог-одлуката за воспоставување на систем што ќе го контролира Царинската управа, а ќе се спроведува преку јавно-приватно партнерство.

Подзаконските акти треба да бидат готови за 60 дена.Со овој систем освен акцизната стока ќе се следи и увозот на лекови каде што контролата ќе ја врши Министерството за здравство.

–  По нашите претпоставки повеќе од 30 отсто е даночната евазија. Кога зборуваме за даноците, зборуваме и за акцизите во државата. ММФ лани или некаде на почетокот на оваа година излезе со став дека 37 отсто е даночната евазија, односо од Буџетот од 4 милијарди евра, 30 отсто е милијарда и 200, 37 отсто е 1,4 милијарда евра, така што огромни средства се даночните евазии – изјави премиерот Зоран Заев.

Такви акцизни стоки се цигарите, односно тутунот, алкохолот, автомобилите, цигарите, мно со овој систем ќе бидат опфатени и лековите иако не се акцизни сстоки.

– За тракен трејсинг и за лековите контрола ќе има Министерството за здравство за да може секојпат да знае рокот на самите лекови, значи од кога е влезен, кога е рокот, до кога имаат рок на трајност, количините и залихите коишто ги имаат на располагање заради рационализација на лековите. Како држава трошиме огромни пари на лекови, а притоа се случува да се продаваат лекови коишто се на самиот истек на рокот на важење. На овој начин се поставува подобар менаџер на системот – вели Заев.

Поврзани вести

Во Чешка платите се зголемија двојно побрзо отколку во Германија во последните 10 години

Берта Китинска

Цените на „црното злато“ на највисоки нивоа во последните две години

Stefanija Kuzmanovska

За 15 дена нов закон: Дел од маркетите, одлучија недела да биде неработен ден за сите вработени

Берта Китинска