СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши и Наумов ќе ја промовираат третата бескаматна кредитна линија – Ковид 3

Денес за почетокот на поднесувањето на барањата за третата бескаматна кредитна линија со гранд компонента, Ковид 3, ќе информираат министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка на С.Македонија, Кире Наумов.

Ова се финансии реализирани од Европската Унија која покрена активност насловена како ЕУзаОтпорност во рамки на ИПА програмата за износ со вкупна вредност од 30 милиони евра, како и со буџетска поддршка во износ од 1 милион евра. Омено, поднесувањето на овие кредитни барања за бескаматна кредитна линија почна од полноќ.

Оваа линија е наменета за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од КОВИД-19, а се мери преку падот на приходите од најмалку 20%.

Јавниот повик ќе биде отворен за поднесување кредитни барања до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот, вкупно 15 дена.

Аплицирањето е исклучиво електронски на е-маил адресата kreditiranjecovid3@mbdp.com.mk.

Поврзани вести

Инспекциските служби спровеле 11.358 надзори за спроведување на владините мерки

Северна Македонија ќе стане членка на Организацијата за црноморска економска соработка во 2020 година

Влатко Зорба

Заев и Сугарески на увид во реконструкцијата на 110 киловотниот далекувод ТС Штип – ТС Пробиштип

Влатко Зорба