СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: УЈП да поднесе кривични за фирмите кои ја злоупотребиле државната помош

Откако Владата вчера го објави списокот на компаниите кои земале помош од државата преку анти ковид мерките, а парите не ги исплатиле на работниците.

Министерот за економија Крешник Бектеши ја повика Управата за јавни приходи да поднесе кривични пријави за сите фирми што ја злоупотребиле државната помош

„Ние како влада ќе ги поддржуваме тие што ги исполнуваат условите и сите што имаат потреба и ќе покажат дека биле погодени од пандемијата. Има и одредба каде што се предвидени казни од 500 до 10 000 евра, би сакал да ја повикам и УЈП да поднесе кривични пријави за сите тие што се обидуваат да ги злоупотребат средствата што се даваат од страна на Владата. Ние и јавно ги објавивме тие компании, а ќе следат и дополнителни казни согласно законот“, изјави Бектеши.

На списокот може да се забележат фризерски салони, бутици, книжари, златари, градежни фирми, претежно регистрирани во западниот дел од Македонија.Фирмите може да се соочат и со казни од 500 до 10 илјади евра во зависност од големината на компанијата.

Списокот можете да гo погледнете ТУКА!

 

Поврзани вести

Арсовска: Приватниот сектор очекува тешка 2020 година

Никола Поповски

Јовановиќ: Каматата што се доби на еврообврзницата е навистина добра

Влатко Зорба

Време е за нови херои за заштита на животната средина и нов економски развој

Влатко Зорба