СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Фолксваген повлекува 38.000 автомобили поради технички проблеми

Проблеми за германскиот гигант. Поради проблеми со педалите на сопирачката, ќе се повлечат од продажба околу 38.000 возила на Фолксваген, а моделите се: Голф, Тигуан, Туран и Т-Рок од 2020 година.

Како што се наведува, немало сообраќајна незгода поради овој проблем, ниту е направена штета, но проблемот е забележан кај автомобилите наменети за возење по левата страна на улицата.

За време на внатрешните прегледи на возилото, инженерите откриле дека плочата за педали на која се потпира ногата на возачот за време на сопирањето, во некои околности може да биде искривена или дури и одвоена од подот.

Околу 38.000 возила се повлекуваат, а откако дефектот ќе се отстрани,  тие ќе се вратат на улиците.

Во Европа, на левата страна се вози во Велика Британија, Ирска и во Кипар и Малта. Меѓу другите земји, левото правило важи и во Јапонија.

Повлечените возила треба да се проверат и поправат доколку е потребно. Германската федерална управа за автомобили го надгледува процесот на повлекување и објасни дека акцијата е иницирана поради „неисправен заварен спој“.

Поврзани вести

„Ер Франс“ изгуби 7 милијарди евра

Влатко Зорба

Синдикат за текстил и кожарство: Народните пратеници испаднаа ненародни луѓе, не знам со каков образ ќе бараат поддршка на следните избори

Влатко Зорба

Задолжително во пензија со 64 години, исклучок ќе има само во овие две професии!

Берта Китинска