СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

АјФон падна од авион и остана недопрен (ВИДЕО)

iPhone 6s се чини дека е вистински наследник на познатата Nokia 3310. Имено, тој беше фрлен од авион и преживеа пад од над 600 метри со само неколку гребнатини. Тој дури успеа да го сними падот.

Ернесто Галиото се обиде да ги фати сцените што ги гледаше од прозорецот на мал авион додека леташе над плажа во Бразил. Тој е режисер кој на снимки сакаше да го фати зачудувачкото крајбрежје на Рио де Жанеиро.

Камерата вградена во кабината на авионот го забележа моментот кога Галиото го држеше телефонот низ прозорецот и кога го испушти. Користејќи ја апликацијата „Пронајди го мојот iPhone“, Галиото го лоцираше својот телефон и го најде во неверојатна состојба: тој беше целосно недопрен.

Телефонот беше заштитен само со стандардна силиконска футрола и заштитник на екранот.

„Имав верба дека ќе го најдам. Помислив: ако не падне во вода, ќе го најдеме “, рече Галиото.

Тој додаде дека му се случило нешто што никој не би му верувал – дека неговиот iPhone преживеал пад од таа висина без да погоди нешто.

Поврзани вести

И автомобилите на BMW ќе поддржуваат Android Auto

msp-admin

Paper Phone нè прави понезависни од паметниот телефон (ВИДЕО)

msp-admin

Летало на компанијата на Маск се сруши при слетување во Тексас

Никола Поповски