Сојузниот завод за вработување во Германија го објави списокот на плати во таа земја, каде што одат и многу Балканци на работа.
Ова е списокот на плати за 2019 година и ја покажува просечната бруто плата на најпопуларните професии во Германија.
Медицинската сестра заработува 3.547 евра, пекарот 3.502, продавачот на слатки 1.839, багеристот 3.421, службеникот во банката 4.875, градежниот инженер 5.246, професионалниот возач 2.556, електричарот 3.143 итн.
Платата на керамичарот е 3.003 евра, фризерот зема 1.684, водоводџијата 3.056, благајникот 2.214, келнерот 1.934, готвачот 2.284, стои во списокот.
Но, тоа се износите што работникот не ги добива при рака, затоа што од тој износ прво треба да ѝ се плати на државата преку даноци и придонеси. Данок се плаќа и на Црквата.
Износот на одземениот данок од платата зависи од даночната класа на работникот, а при пресметката улогата ја игра дали работникот е оженет или сам, дали е самохран родител, колку деца има и други податоци.
На нето-платата во Германија влијаат повеќе фактори, од даночната класа до бројот на деца, црковниот данок и осигурувањето.
Ако некој има бруто плата од 3.000 евра, нето платата во првата даночна класа ќе биде 1.938 евра, втората 1.991, третата 2.226, четвртата 1.938, петтата 1.575 и шестата 1.533 евра.
Германија исто така има одредена минимална плата по час. На почетокот на оваа година имаше зголемување на минималната плата по час од 9,19 на 9,35 евра.
Минималната плата по час беше воведена во 2015 година и изнесуваше 8,50 евра, пренесува Вечерњи лист. Оттогаш, таа постојано расте, а до средината на 2022 година, според проценките, треба да изнесува 10,45 евра.