СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хоџа најави 150 милиони евра субвенции за набавка на „зелена нафта”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа најави 150 милиони евра финансиска поддршка, услови за порентабилно производство, субвенции за набавка на „зелена нафта”, консолидација на површините, поттикнување на младите земјоделци со 20.000 евра неповратна помош и на  жените фармери со 6.000 евра.

Ќе продолжат, најави министерот, и капиталните инвестиции за питка и вода за наводнување, како и неселктивното исплаќање на субвенциите. Досега се исплатени околу 115 милиони евра од проектираните субвенции, а до крајот на годината поддршката ќе биде целосно заокружена, вклучувајќи ги и долговите по овој основ од претхоната Влада.

-Во првите 100 дена од мојот мандат остварив низа билатерални средби со колеги од регионот, САД, Русија, пред се за изнаоѓање механизми за зголемување на трговијата со земјоделски производи, особено на извозот. Во овој краток период од преземањето на функцијата, реализирав и средби со лозари, сточари, оризари, тутунари, производители на јаболка, посетив многу фарми и откупни центри, рече министерот во отчетот за сработеното.

Тој потсети дека Владата интервенираше и успеа да ја ублажи состојбата во лозарството и винарството кои први го почувствува ударот од КОВИД-пандемијата. Беа потпишани и 540 договори за набавка на трактори, а доделени се и првите договори за 20.000 евра неповратна поддршка за млади земјоделци до 40-годишна вредност. Условите ги исполниле 265 апликанти, а вкупната вредност на поддршката ќе биде 3,1 милион евра. Лани поддршката изнесуваше двојно помалку, 10.000 евра.

-Едно од најголемите достигнувања во првите 100 дена е тендерската постапка за изградба на браната на Слупчанска река. Средстава во висина од 22 милиона евра се обезбедени, а проектот треба да се реализира за четири години, нагласи Хоџа.

Поврзани вести

Бежоска: Постои висок степен на усогласеност на домашната регулатива за работењето на Народната банка со европската

Влатко Зорба

Цената на бензините не се менува

Берта Китинска

ЕИБ обезбеди 100 милиони евра поволни средства за малите и средни претпријатија

Влатко Зорба