СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Предлог енергетски биланс за 2021-ва: Потребите од енергија ќе бидат за 2 % пониски во однос на 2020-та

Во 2021 год. потрошувачката на финалната енергија ќе биде за 6% поголема во однос на 2020 година.Ова го предвидува предлог енергетскиот биланс за 2021 год.Во однос на потрошувачката на енергенти, најголемо учество имаат нафтените деривати со 51 % , електрична енергија со 29,9% а биомасата со 10,9%.

Приматот во сектор со најголема потрошувачка ќе остане сообраќајот. Неговата потрошувака се предвидува да биде 37% од вкупната потрошувачка на финална енергија, а потоа следи секторот домаќинство (27%) и секторот индустрија (20%).

Предвидените потреби од енергија ќе бидат за 2 % пониски во однос на 2020. Пораст ќе има кај природниот гас (14%) како резултат на најавите за зголемено производство од ТЕ-ТО, нафтените деривати ќе учествуваат со 36%, јаглените со 33%, биомасата ќе учествува со 6%, природниот гас со 11%, а хидроенергијата со 5%.Според предложеното во документот, нето увозот на електрична енергија ќе учествува со 5%, а производството на енергија ќе биде за 6% повисоко во однос на оваа година што се должи на зголемување на производството од хидроцентралите (15%) и Те-ТО (22 %).

Потрошувачката на нафтени деривати ќе биде зголемена за 15% .Учеството на обновливите извори со повластени тарифи е предвидено на ниво од 6,5 % а се опфатени малите хидроелектрани (50%), ветерните електрани (24 %), електраните на биогас (14%) и соларните електрани (12%).

Предлог енергетскиот биланс е изработен во согласност со законот за енергетика и со Правилникот за енергетски биланси и енергетска статистика и претставува документ во кој се прикажуваат потребите од вкупни количества на енергија и од одделни видови енергија како и можностите за нивно обезбедување со производство од домашните капацитети и од увоз.

Поврзани вести

Џон Мекафи обвинет за измама и перење пари

Влатко Зорба

КРАХ НА ЕВРОПСКИОТ ТУРИЗАМ: Милјарда помалку гости

Влатко Зорба

Објавена листата на обуки за ИТ-вештини и нивни даватели, може да аплицираат млади до 29 години