СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

НОВ РЕКОРД НА БИТКОИНОТ: Следната цел е 25.000 долари, се поизвесна трка со злато

Биткоинот повторно расте, достигнувајќи нова рекордна цена од 24.661 американски долари во петокот. По тој повод, инвеститорите објавија „Happy Bitmas“ на социјалните мрежи, наместо традиционалниот Божиќен поздрав „Merry Christmas“, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Позната како водечка криптовалута, биткоинот доживеа изненадувачки успех за време на пандемијата и брзо стана конкурент на златото во некои портфолија. Само оваа недела криптовалутата порасна за 3,15 проценти.

Тековната пазарна капитализација на биткоинот е околу 350 милијарди долари, додека златото е на околу 10 трилиони долари.

Пазарната капитализација на биткоинот може да достигне милијарда долари во текот на 2021 година, според Гарик Хилеман, раководител на истражувања во Blockchain.com, доколку инвеститорите посериозно го сфатат статусот на резервна валута.

Дури и „Голдман Сакс“ сериозно ја сфаќа криптовалутата, истакнувајќи дека тоа претставува се поголема закана за златото.

„Неодамнешните полоши перформанси на златото во однос на реалните стапки и доларот загрижија некои инвеститори, бидејќи биткоинот го заменува златото како избрана заштита од инфлацијата“, се вели во белешката на стратезите предводени од Џефри Криј.

„Иако има одредена замена, не гледаме раст на популарноста на биткоинот како егзистенцијална закана за статусот на златото како резервна валута“, пренесува „Бизнис Инсајдер“

Поврзани вести

Римац ќе добие 200 милиони евра од ЕУ за развој на автомобили без возач

Влатко Зорба

Ако постојано ги искусувате овие 5 ситуации на работа, тоа значи дека сте „жртва на психичко насилство“

msp-admin

ЕК пушти транша од 9 милијарди евра за земјите-членки погодени од пандемијата

Влатко Зорба