СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германија ќе им плати на пиварниците милиони евра за непродадено пиво

Германските пиварници ќе бидат надоместени за трошоците предизвикани од расипување на пивото поради ограничувања поврзани со коронавирусот.

Ова го потврди денеска портпаролот на баварското Министерство за економија.

Имено, владата во Берлин ги затвори рестораните и ги откажа големите настани со цел да го потисне ширењето на коронавирусот, па пиварниците не успеаја да продаваат точено пиво.

Бројот на буриња пиво на кој може да им истече или им истекол рокот на траење, од ден на ден расте, што ќе значи загуба од милиони евра за производителите.

Минатата недела, пиварите испратија отворено писмо до владата, во кое бараат финансиска помош затоа што се во опасност од колапс поради наглиот пад на побарувачката во услови на заклучување на економијата.

Писмото го потпишаа околу 300 пивари, вклучувајќи ги германскиот огранок на данската пивара Карлсберг и Битбургер Браугрупе, Кромбахер и Поланер.

Тие исто така рекоа дека продажбата на флаширано пиво во продавниците „не е ни приближно доволна“ за да се надомести изгубената продажба во угостителскиот сектор и слабиот извоз.

Пиварите продале околу 8,7 милијарди хектолитри пиво минатата година, што е за 5,5 проценти помалку од претходната година, според германскиот завод за статистика.

Обештетување ќе добијат и винарите

Портпарол на баварското Министерство за економија, каде се наоѓаат повеќето пивари, денес соопшти дека владата се согласила да им исплати отштета на пиварите за расипување на пивото.

Оштетување ќе добијат и винарите, додаде портпаролот.

Баварскиот министер за економија Хуберт Еивангер рече дека е „важен успех што Берлин го слушнал гласот на баварските пивари и дека ќе добие компензација за вишокот точено пиво“.

Поврзани вести

Швајцарија најиновативна, Македонија 59-та во светот

msp-admin

„Фиат Крајслер“ и „Пежо“ решија да не плаќаат дивиденди за 2019 година

msp-admin

MasterCard се соочува со судски спор вреден 14 милијарди фунти

Влатко Зорба