СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Суд: Надомест за домашна работа и во вонбрачна заедница

Највисокиот суд во Португалија му наложил на мажот да и плати на својата поранешна партнерка повеќе од 60.000 евра за домашните работи што ги правела за време на скоро 30 години заеднички живот.

Според пресудата, неуспехот да се надоместат домашните работи извршени исклучиво или во најголема мерка од член на вонбрачна заедница, доведува до негово „вистинско осиромашување“. И бидејќи тоа, исто така, ослободува друг член на заедницата од „извршување на тие задачи“, тоа доведува до негово или нејзино збогатување без потреба од никакви трошоци или придонеси.

Жената која ја доби пресудата побара обештетување од 240.000 евра, но понискиот суд го одби нејзиното барање да и се исплатат пари за домашните работи, пренесе португалската новинска агенција „Луса“.

По нејзината жалба, Апелациониот суд го уважил нејзиното барање и одредил да и бидат исплатени 60.782 евра. Нејзиниот поранешен партнер поднесе жалба до Врховниот суд, кој ја потврди пресудата на Апелациониот суд.

„Барањето за еднаквост одамна е вродено во идејата за правда, па затоа не е можно да се смета дека извршувањето на целата или голем дел од работата во куќа во која живее невенчана двојка од еден од партнерите одговара на исполнување природна обврска, заснована на должноста на правдата. Напротив, таквата должност бара еднаква поделба на задачите што е можно повеќе“, се вели во пресудата.

Во овој случај, докажано е дека жената се грижела за куќата и подготвувала оброци за својот партнер скоро 30 години заеднички живот.

При утврдувањето на вредноста на домашните работи, судот ја усвои националната минимална плата како критериум, ја помножи со 12 месеци и години заеднички живот, а потоа одзеде една третина од износот на сметка на трошоците на жената.

Поврзани вести

Колкави се приходите на Хари и Меган по разделбата со кралското семејство?

Влатко Зорба

Бекам е новиот амбасадор на Maserati

Влатко Зорба

Роналдо го купи најскапиот стан во Лисабон (ВИДЕО)