СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Писатели, за кои никогаш не сте чуле, заработуваат по 10.000 $ месечно, еве како

„Амазон Киндл“ направи вистинска револуција во третманот на онлајн книгите. И не само тоа. Оваа платформа придонесе и за полесен пласман на автори, односно за фактот дека талентирани писатели без агенти и издавачки куќи допираат до нови читатели, на начин што порано не беше можен.

„Киндл Директ Паблишинг“ е платформа основана од „Амазон“ во ноември 2007 година и е наменета за објавување е-книги од претежно непознати автори.

„Амазон“ ви овозможува лесно да креирате своја биографска страница преку „Author Page“, што е еден вид на CV. Откако текстот на книгата е завршен, таа може многу лесно да се постави на платформата КДП, а пишувањето и објавувањето на оваа платформа може да стане добра деловна активност.

Денес, многумина заработуваат и до 10.000 долари месечно на овој начин, иако не се познати и немаат децениско искуство во издаваштвото. Клучно е да се напише книга што луѓето ја сакаат, да се објавува повеќе книги една по друга и да се искористат можностите за паметен маркетинг, така што книгата ќе стигне до читателите што е можно побрзо.

Писателите споделуваат неколку клучни совети за заработка на „Амазон“:

Колку повеќе книги пишувате, толку повеќе ќе ги продавате

Зад најпопуларните книги стои едноставен концепт. Колку повеќе книги се објавуваат, толку повеќе ќе се читаат. Уште подобро е ако книгите се дел од истата серија. Објавувањето книги во серија е клучот за успехот, затоа што читателите сакаат серии, особено кога станува збор за фикција.

„Амазон“ им овозможува на авторите да објавуваат книги бесплатно, но подоцна задржува 30 проценти од секоја продажба, оставајќи ги авторите со преостанатите 70 проценти.

Малку маркетинг, помага многу

За да може книгата да го најде патот до читателите, потребно е да се искористи малку знаење од дигиталниот маркетинг и да се најде начин книгата да стигне до оние што би ја прочитале. Затоа е важно да се избере целната група и да се направи маркетинг план кој ќе биде насочен директно кон таа група.

Иако „Амазон“ на нивната страница нуди да се најде кратка биографија за писателот, нивната сопствена страница, страниците на Фејсбук и Инстаграм не можат да наштетат. Овие се сите начини за понатамошно промовирање. Исто така, добро е да се воведат големи попусти од време на време, што ќе го привлече вниманието на читателите кон првата книга од серијата, додека другите би купувале откако оваа ќе ги интересира.

Напишете книга што луѓето сакаат да ја прочитаат

Целиот маркетинг во светот нема да ви помогне да продадете книга што луѓето не сакаат да ја читаат. Ако пишувате книги за совети, советите нека бидат јасни и концизни. Ако пишувате фантастика, веднаш вклучете ги читателите во приказната, бидејќи денес никој нема време да почека да се случи нешто интересно.

Затоа, најдобро е неколку луѓе да ја прочитаат вашата книга пред да ја објават и искрено да ви кажат дали првите неколку страници го задржуваат нивното внимание. Ако не, сменете ги. Исто така, научете ги правилата на жанровите и направете професионална корица за книги.

Бидете трпеливи

Успехот не може да дојде преку ноќ. Не очекувајте да заработите многу пари од првата книга во првиот месец, иако и тоа се случувало. Пишувајте, рекламирајте, објавувајте и заработката ќе дојде. Исто така, немојте да мислите дека е предоцна да се занимавате со овој бизнис, многумина го откриле писателот во себе си едвај во зрелоста.

Поврзани вести

5 знаци дека треба да дадете отказ во 2021 година

Влатко Зорба

„Застава 5700“: Мистериозен суперавтомобил кој можеше да стане југословенско Ферари

Ги запознаваме ретките болести: Пјер-Робен синдром

Влатко Зорба