СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Инстаграм откри како да заработите повеќе пари: Посочи точен број на „сториња“, објави и видеа

Во последните месеци, Инстаграм споделуваше специфични инструкции за приватност со индивидуални инфлуенсери за тоа кога и колку често да објавуваат содржина на оваа социјална мрежа, како и кои објави може да го зголемат нивниот број на следбеници.

Тројца инфлуенсери откриле за „Бизнис Инсајдер“ дека биле контактирани од некој од Инстаграм во изминатите три месеци, по што или се сретнале со некого лице во лице, или учествувале на работилници каде стекнале корисни сознанија за начинот на кој работи познатиот алгоритам на Инстаграм.

Овие упатства им дадоа редок увид на Инстаграм за тоа како може да расте влијанието на инфлуенсерите на оваа платформа и како работи мистериозниот алгоритам.

Најголемиот проблем е што Инстаграм не го сподели ова знаење со сите, туку само со неколку одбрани корисници на оваа мрежа.

Еден од оние што ги добија овие сознанија објави како нејзината содржина стана вирална откако ги имплементирала.

Во ноември ја контактирал некој од Инстаграм, по што имале состанок на кој разговарале за нејзиниот профил, за кратките видеа што ги објавува и затоа зошто нејзините прегледи опаѓаат. Тие и објасниле дека алгоритмот е таков што ги наградува креаторите на одредени типови содржина, но и врз основа на тоа колку често ги објавуваат.

Советникот предложил да објавува 3 објави неделно, од 8 до 10 „сториња“ неделно, од 4 до 7 видеа неделно на платформата „Reels“ и една до три на „IGTV“ неделно.

Кога првпат слушнала за овие квоти, започнала да се смее, бидејќи таа количина содржина е нереално голема. Другите кои добиле слични упатства од Инстаграм се согласуваат со неа.

Им објасниле дека за да се зголеми бројот на прегледи и бројот на следбеници, важно е да се искористат сите можности што ги нуди мрежата, особено видеото. Исто така, сите инфлуенсери тврдат дека акцентот бил ставен на користење на најновата платформа Reels, што е своевиден конкурент на „Тик Ток“ и на кој се објавуваат кратки видео форми.

Поврзани вести

Англичаните градат „урбан аеродром“ за летачки автомобили (ВИДЕО)

Влатко Зорба

5 начини да бидете добар и фер шеф: Понежниот пол е сè уште значително загрозен на работното место

Влатко Зорба

Мајстор за попусти во јануари: За 129 евра купила облека за нејзината ќерка и за себе за цела година

Влатко Зорба