СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кинески банкар ОСУДЕН НА СМРТ поради корупција

Кинеските власти го осудија на смрт поранешниот секретар на партискиот одбор и претседател на управниот одбор на најголемата кинеска компанија за управување со средства „China Huarong Asset Management Co.“, Лаи Ксиаомин, објави „Глобал тајмс“, повикувајќи се на властите.

Весникот прецизира дека судот на кинескиот град Тијанџин го осудил поранешниот шеф на компанијата на смрт под обвинение за корупција, примање мито и полигамија.

Лаи Ксиаомин беше исфрлен од партијата есента 2018 година поради сериозно кршење на партиската дисциплина и законодавство.

За време на истрагата на централната комисија за проверка на дисциплината, се покажало дека тој сериозно ги прекршил политичката дисциплина и правилата. Како што се наведува, „несовесното проширување и неконзистентното управување довеле до тоа компанијата сериозно да отстапи од своите главни професионални одговорности, како и од лошо политичко влијание“.

Весникот исто така известува дека поранешниот секретар учествувал во разни политички авантури, придонесувал за напредување на одредени луѓе на скалата во кариерата и го попречувал спроведувањето на инспекциите и проверките.

Поранешниот шеф на „China Huarong“ добивал и скапи подароци, вклучувајќи големи суми пари, незаконски организирал банкети во скапи ресторани и клубови, а службената положба ја користел за лични интереси. Тој е осомничен и за проневера на јавен имот.

Патем, „China Huarong“ беше една од четирите компании за управување со средства. Кинеската влада ги основа во 1999 година како одговор на азиската финансиска криза што се разгоре во 1997 година. Во моментов, оваа компанија е најголема во Кина по обемот на средства.

Поврзани вести

Airbnb ќе обезбедува престој за луѓе во криза

msp-admin

ТВИТЕР КАЗНET ОД РУСКИ СУД: 35.000 евра затоа што не избришале содржина

Влатко Зорба

Европа губи 11 милијарди долари годишно заради договорот меѓу Вашингтон и Пекинг

msp-admin