СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Fiat инвестира милијарди евра во фабрика во Европа

Италијанско-американскиот производител на автомобили Fiat Chrysler ќе инвестира две милијарди евра во фабрика во Тичи, Полска, за да ги опреми за производство на хибридни и електрични модели, изјави во вторникот полскиот вицепремиер Јарослав Говин.

– Современите, хибридни и електрични автомобили на брендовите Jeep, Fiat и Alfa Romeo ќе започнат да ја напуштаат фабриката во Ti;i во 2022 година – напиша Говин на Твитер.

Fiat Chrysler, кој официјално планираше спојување од 38 милијарди долари со францускиот ривал PSA и создавање на четвртиот најголем производител на автомобили во светот, соопшти дека подготовките за проширување и модернизација на фабриката започнале во втората половина на минатата година.

Поврзани вести

Ќе се градат две сончеви централи на местото на некогашната Осломеј

Никола Поповски

Германски пратеници бараат да се укине олеснетото вработување на работници од Балканот

Влатко Зорба

Бизнис климата во Германија значително се влоши на почетокот на годината

Влатко Зорба