СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple патентираше нов вид тастатура со вградени десплеи

Откриен е нов патент на Apple во USPTO, во кој компанијата опишува нов вид тастатура што може да се користи во нејзините компјутери. Вклучува копчиња од тастатура, што можат да бидат конфигурирани и имаат мини дисплеи кои ја покажуваат нивната функција.

Визуелизацијата ќе биде динамична и зависи од програмираната функционалност. Слично решение нудат и моделите MacBook Pro со Touch Bar. Во овој случај, сепак, покрај посебната област, во копчињата ќе има вградени дисплеи.

Во оваа фаза нема детали за тоа каков вид на екрани ќе се користат во копчињата или од каков материјал ќе бидат направени. Идејата е интересна и допрва ќе видиме дали компанијата ќе го реализира во готов производ.

Поврзани вести

Huawei го претстави HUAWEI WATCH GT 2e со над 100 режими за тренинг

msp-admin

Нова WordPress алатка автоматски твитува цели текстови

msp-admin

Samsung може да претстави три Exynos чипсети оваа година

Влатко Зорба