До 30-та година од животот, Грент Сабатиер заработил повеќе од 1 милион долари комбинирајќи намалени трошоци со зголемени приходи.
Тој верува дека многу луѓе би можеле да заработат дополнителни пари скоро на ист начин како и тој: Покрај тоа што преговарал за неговата плата на работното место во маркетинг, која ја започна со 50.000 долари годишно, Сабатиер работеше на уште 13 други проекти истовремено за да направи повеќе приходи.
Ако сакате значително да ги зголемите своите приходи, вели тој, прво мора да го надминете митот дека времето е пари.
– Тој е присутен насекаде во нашиот свет и во нашата култура – вели тој за „CNBC Make It“.
– Се сеќавам дека родителите ми го зборуваа тоа кога бев дете. Но, во реалноста, времето воопшто не е пари – вели Сабатиер.
Според него, парите се неограничени, додека времето не е.
– Секогаш можете да излезете и да заработите повеќе пари. Сепак, никој никогаш нема да ви го врати времето. Штом овој момент исчезне, не можете да го вратите назад, смета тој.
Повеќето луѓе прават директна корелација помеѓу потрошеното време и заработените пари, вели тој, претпоставувајќи дека ако работите X часа, заработувате Y пари. Но, иако не можете да го промените бројот на часови што ги имате, можете да го зголемите износот на пари што ќе ги заработите за тоа време.
Па, која е тогаш тајната на Сабатиер за успех? Заменете го времето на некој друг за пари.
– Едноставната идеја тука е дека сакате вашите пари сами да заработуваат, а другите да заработуваат за вас – вели тој.
Тој го зема како пример шетањето на кучиња. Ако сами го шетате секое куче, вие сте ограничени на бројот на часови што ги имате. Но, ако поврзете други луѓе со сопственици на кучиња, ќе можете да ангажирате онолку шетачи на кучиња, колку што ги има, објаснува Сабатиер.
– Одеднаш веќе не ве ограничува вашето време да заработите пари, вели тој.
Ако немате време да развиете профитабилен мал бизнис или спореден бизнис, сепак можете да направите парите да работат за вас.
Најлесен начин да започнете да заработувате пасивен приход е да инвестирате на берза.
Без разлика дали размислувате за деловни идеи или инвестиции – или обете, за поголема заработка најпрво е потребно промена на размислување.
„Ако мислите дека времето е пари, ќе ја пропуштите оваа можност да заработите што повеќе пари“, вели Сабатиер.
За да одлучите дали некој проект вреди за вашето време, тој предлага да си поставите едноставно прашање: „Дали вреди за ова да се трудам?“
„Ако започнете со тоа прашање и сфатите дека никогаш нема да го вратите овој момент“, вели тој, „исто така ќе размислите дали има смисла да го потрошите времето што го имате за тие пари“.