СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Претседателката на ССК нов почесен конзул на Унгарија

Владата на седница одржана на 29.12.2020 година, донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, а истата стапи на сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30.12.2020 година.

Арсовска како претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, активно работи на развој на македонската економија на национално и промоција на меѓународно ниво, како и на подобрување на надворешната трговска размена, со цел намалување на трговскиот дефицит и зголемување на економскиот раст. Арсовска пред една година стапи на највисоката позиција во раководството на World Chambers Federation, која раководи со стопанските комори од целиот свет, информација која одекна глобално со оглед на фактот што само 4 жени во светот се носители на таа функција.

Поврзани вести

ЕБОР и ЕУ во поддршка на малите бизниси во С. Македонија

Влатко Зорба

Анализа за искористеност на финансиската поддршка за месеците февруари и март 2021 година

Влатко Зорба

Машина на „Брако“ чистеше пред Белата куќа

Влатко Зорба