Стандард
БИЗЛАЈФ

Продажбата на „нано“ станови се зголемува на најскапиот пазар за домување во светот

Во делот на светот кој има најскапа недвижност во светот, еден од осум продадени станови е „нано стан“, термин припитомен во Хонг Конг за екстремно мали станови.

Рекордни 13 проценти од продадените станови се помали од 24 квадратни метри, или, сликовито, помалку од две места за паркирање. Степенот на овој скок во продажбата најдобро го покажуваат податоците од пред десет години, кога учеството на ваквите станови беше само 0,2 проценти од вкупната продажба.

Високите цени на недвижностите во Хонг Конг направија практично невозможно младите да стапат во брак. Затоа архитектите во последните години се свртија кон создавање на многу помали домови што купувачите би можеле да си ги дозволат. Иако дури и такви мали станови можат да чинат околу 600.000 долари, во нив едвај го собира најосновното.

Меѓу 8.550 нано станови што ги проучува една истражувачка куќа, 85 проценти немале посебна спална соба, а 70 проценти немале прозорец во бањата, додека скоро сите имале отворена кујна.

Тесниот простор за живеење одамна е проблем во Хонг Конг. Оние кои слабо заработуваат живеат во таканаречени „кутии“ станови, кои во суштина имаат само простор за кревет. Од друга страна, оние кои не можат да плаќаат високи кирии во станбени области, но претпочитаат повеќе простор, живеат во индустриски згради или во контејнери.

Иако економијата на градот беше под притисок за време на пандемијата, со невработеноста која нагло се зголеми, цените на становите паднаа за само 1 процент.

Со околу 6.700 жители на квадратен километар, Хонг Конг е еден од најгусто населените градови во светот, а S&P Global Ratings наведува во свој извештај дека ограничената понуда на домување, сепак, може да спречи драстичен пад на цените на становите поради пандемијата.

На цените на недвижностите може да влијае и стапката на невработеност во Хонг Конг, бидејќи достигна ниво од 6,4 проценти, што е највисоко во последните 16 години, проценуваат економистите.

Околу 257.800 лица биле без работа од август до октомври, според Бирото за попис и статистика на Хонг Конг.

Поврзани вести

Дански угостители за 20 евра нудат пиво и тестирање за антитела во кафулиња

Влатко Зорба

Презентиран документот за патување: Брисел откри 3 услови за слободно движење во рамките на ЕУ

Влатко Зорба

Netflix ќе објави 70 оригинални филмови во 2021 година

Влатко Зорба