20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Создадена е STELANTIS, четврта по големина автомобилска компанија во светот

Акционерите на Fiat Chrysler (FCA) гласаа за спојување со француската група Peugeot-Citroen-Opel (PSA), која ја создаде четвртата по големина автомобилска компанија во светот. Новата компанија ќе се вика STELANTIS.

Извршниот директор на PSA Peugeot, Карлос Таварес и претседателот на Fiat Chrysler, Џон Елкан, ја истакнаа „историската важност“ на спојувањето на компаниите кои „помогнаа во пишувањето на индустриските истории на САД, Франција и Италија“.

„Минуваме низ ера на промени во нашата индустрија. Ние веруваме дека следната деценија ќе ја редефинира мобилноста што ја знаеме сега. Ние и нашите партнери од PSA имаме намера да играме водечка улога во градењето на иднината, таа идеја не здружи“, рече Елкан на состанокот на акционери на Интернет.

Новата компанија ќе произведува 8,7 милиони автомобили годишно, а ќе има профит од пет милијарди евра годишно.

Спојувањето беше договорено за да се заштедат трошоци, но прашање е дали тие ќе можат да изградат бренд и да сочуваат работни места на пазар кој сè уште е под влијание на пандемијата на коронавирусот.

Поврзани вести

БДП во еврозоната падна за 6,8 проценти во 2020 година

Влатко Зорба

Италија: Над 5 милиони граѓани немаат ниту за основните потреби, 355.000 се под апсолутната граница на сиромаштија

Влатко Зорба

Цените на храната во јануари на највисоко ниво од 2014 година

Влатко Зорба