СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Биткоинот продолжува да докажува дека може да биде најдобрата валута во светот

Ова е многу важна недела за биткоин, а се работи за нова поделба кога станува збор за „копањето“ на оваа криптовалута. Биткоин го мина своето трето преполовување прилично мирно, a во моментот на пишувањето, вреди 9,333.85 долари, според Coindesc.

Што всушност значи тоа? Сега е потешко да се „копа“ биткоинот, така што нивниот вкупен број е уште помал, а наградата е за половина помала.

„Рударите“ се наградуваат со 6,25 биткоини за секој новосоздаден блок (претходно 12,5). Затоа сега е потешко да се добиваат нови биткоини бидејќи снабдувањето е ограничено, што треба да се одрази на постојано растечката цена.

Спротивното се случува со валутите на одделните земји. Многу централни банки, во обид да спречат сериозна рецесија, неуморно печатат долари, евра, фунти, јени… Затоа крипто-заедницата тврди дека има смисла да се купат биткоини, затоа што обичните пари ќе вредат се помалку и помалку заради сите трилиони што ги вметнуваат централните банки во финансиски систем.

Затоа, порано или подоцна ќе има генерален пораст на цените. Биткоинот во овој случај би бил сличен на обезбедување заштита од инфлацијата што некогаш беше обезбедена од златото, поради што некои реномирани инвеститори неодамна започнаа да купуваат биткоин.

Огромната акција на Соединетите држави, како и на другите влади и централните банки ширум светот, предизвика стравувања од инфлација и акумулација на долг надвор од контрола. Сепак, инвеститорите се свртеа кон безбедноста на доларот, откако започна кризата со коронавирусот.

Во свет каде инвеститорите продолжуваат да бараат заштита на своите портфолија од однесувањето на светските централни банки, биткоин, како и други дигитални валути чијашто понуда е програмирана да се намали се додека не го достигне својот максимум, се чини дека е совршена заштита за сите портфолија на инвеститори.

Ако биткоинот успешно прерасне во безбедно засолниште и заштита од инфлација, некои аналитичари гледаат како неговата вредност се забрзува во следните неколку години, што би можело да го подигне на рекордно ниво од 20.000 американски долари.

Поврзани вести

Huawei рангиран како најдобар 5G оператор според најновиот извештај на Ookla

Влатко Зорба

Turkish Airlines прокнижи загуба од 315,9 милиони долари за три месеци

msp-admin

Ко-основачот на Xiaomi ја напушти компанијата

msp-admin