СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кинеската економија ќе порасне за 7,9% во 2021 година

Кинеската економија се очекува да порасне за 7,9 проценти во 2021 година, што е скоро двојно повеќе од светската стапка на раст предвидена за оваа година, објави Светската банка во својата прогноза, објави денеска кинеската медиумска група (ЦМГ).

„Растот во Кина се предвидува да забрза на 7,9 проценти оваа година, еден процент над прогнозата во јуни, како одраз на ослободување на побарувачката и побрзо закрепнување на производството и извозот од предвиденото“, се вели во извештајот на Светска банка.

Исто така, се потсетува дека Меѓународниот монетарен фонд, во октомври минатата година, предвиде дека Кина ќе оствари раст од 8,2 проценти оваа година, откако ќе стане единствената голема економија што остварила раст во 2020 година.

Според проценките на Светска банка, која предвидуваше скромен пораст од два проценти на Кина во 2020 година, производството во Кина се опорави побрзо отколку што се очекуваше минатата година, особено со поддршка на инфраструктурните трошоци.

Поврзани вести

Virgin Atlantic на Брансон поднесе барање за банкрот во САД

msp-admin

ТРГОВСКА ВОЈНА: Кој сака Huawei да биде забранет за 5G во Германија

msp-admin

Амазон под лупа во Германија за можно нарушување на пазарната конкуренција